Суарез откри дали му „телефонираше“ на Куман и зошто не го прослави голот

Суарез го постигна вториот гол за Атлетико Мадрид во победата над неговиот поранешен тим/Мадрид, Шпанија/2 октомври/фото: EPA-EFE/Juan Carlos Hidalgo

Атлетико Мадрид во дербито на колото во Ла Лига со 2:0 ја совлада Барселона и ја продлабочи кризата во каталонскиот тим. Дополнително, сол на раната стави Луис Суарез кој го постигна вториот гол за Атлетико Мадрид во 43 минута.

Суарез кој минатата сезона пристигна во Атлетико токму од Барселона, не го славеше постигнагниот гол, но сепак направи контроверзна гестикулација.

Тренерот на Барселона, Роналд Куман кој поради суспензијата, натпреварот го следеше од ложата, постојано зборуваше на мобилен телефон, се лутеше, се фаќаше за главата, правеше гримаси….

Кога Суарез го постигна голот, Суарез направи движење со раката како да телефонира. Тој момент ги заинтригира медиумите, дали неговиот потег беше директна порака за Куман бидејќи минатото лето, Холанѓанецот токму преку телефонски разговор му порача дека повеќе не смета на него во Барселона.

„Поради луѓето кои го имаат мојот број, кои знаат дека не го променив“, рече Суарез во камерата по натпреварот.

Потоа Уругваецот директно одговори дали неговата гестикулација беше поради Куман.
– Не,  тоа беше шега која ја договорив со своите деца – рече Суарез.

ВИДЕО: Да се знае кој е шампион, Суарез му се „одмазди“ на Куман

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот