Суарез конечно проговори за заминувањето од Барселона

epa08702013 Atletico Madrid's striker Luis Suarez (L) celebrates after scoring the 5-0 goal during the Spanish Laliga soccer match between Atletico Madrid and Granada held at Wanda Metropolitano Stadium, in Madrid, central Spain, 27 September 2020. EPA-EFE/RODRIGO JIMENEZ

Уругвајскиот репрезентативец летово по шест години поминати на „Камп Ноу“ буквално беше избркан од управата.

Луис Суарез новата сезона во Ла Лига не ја започна во дресот на Барселона за која играше шест сезони, туку во дресот на Атлетико Мадрид.

Во последните моменти од летниот преоден рок Суарез буквално беше избркан од „Камп Ноу“ од управата и претседателот Хосеп Марија Бартомеу.

Уругваецот конечно проговори за неговото заминување, тој во аргентинската емисија „90 минути фудбал“ откри дека неговото заминување е поврзано со Лионел Меси и управата на каталонците.

Мислам дека сакаа да ме одвојат од Меси, можеби им сметаше тоа што имаме добар однос. Очигледно е дека тие не сакаа Меси да поминува повеќе време со мене. Не можам да пронајдам друга причина, навистина не знам зашто мислеа дека тоа е штетно за екипата. Ми недостасува Лео, но постојано сме во контакт и разговараме. Го одржуваме нашето пријателство кое не сакаме да го загубиме. Дури и нашите деца се дружат и имаме одлични односи – изјави Суарез.

Уругваецот потоа објасни што се случуваше во Барселона во последните неколку месеци.
– Тоа ми беше шеста сезона во Барселона и постојано велев дека на клубот му е потребен млад напаѓач. Меѓутоа не донесоа играч кој може да се мери со мене. Заслужив барем да ми биде кажано во лице дека не ме сакаат повеќе, а не тоа да го дознаам во медиумите. Можеа да ме повикаат и да ми ги објаснат причините. Доколку финансиите беа проблем, јас ќе понудев друго решение, односно намалување на мојата плата. Доколку во прашање беа спортски причини и тоа ќе го разберев, но тие зборуваат поинаку. Уште пред две години сакаа да донесат нов напаѓач и да ме избркаат. За шест години колку што го носев дресот на Барселона, со ниту една личност не сум се искарал, исто како и Меси. Тоа што ми го направија ме повреди мене и моето семејство. Тренерот Куман ме повика и ми рече дека повеќе не смета на мене, а јас 10 дена знаев што ми се подготвува. Му кажав на Меси што ќе ми направат, заминав среќен на тренинг, а се вратив дома тажен – вели Суарез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот