Суарез ја напушта Европа и ќе игра за аргентински гигант

Луис Суарез/фото: EPA-EFE/Ballesteros

Уругвајскиот репрезентативец Луис Суарез (35) кариерата ќе ја продолжи во аргентинскиот гигант Ривер Плата, објавија аргентинските и шпанските медиуми.

Договорот на Суарез со Атлетико Мадрид истекува на 30 јуни и во Ривер Плата ќе пристигне како слободен играч.

Уругваевот веќе ги договорил сите детали од договорот со Ривер Плата и на култниот стадион „Монументал“ доаѓа како замена за талентираниот 23-годишен напаѓач Хулијан Алварез кој се сели во Манчестер сити.

Суарез во богата кариера има одиграно само една сезона во Јужна Америка, на почетокот од кариерата настапуваше за Насионал од Монтевидео по што се пресели во Европа и играше за Гронинген, Ајакс, Ливерпул, Барселона и Атлетико Мадрид.
За репрезентацијата на Уругвај, Суарез одигра 132 натпревари и постигна 68 гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот