Суарез има порака за Барселона: Купете нов напаѓач

twitter/uefachampionsleague

Луис Суарез лошо ја започна сезонава и неколку пати досега беше исвиркан од навивачите на „Камп Ноу“. Уругваецот досега постигна само седум голови, а навивачите му замеруваат за лошите игри во Лигата на шампионите каде на последните 26 натпревари постигна само пет гола, а дел од нив се гневни и поради неговото заминување на операција веднаш по шокантната елиминација во Лигата на шампионите.

Поради таа операција, не настапи на финалето на Кралскиот куп во кој неговата Барселона загуби од Валенсија.

– Доколку Барселона донесе нов напаѓач, ќе го чувствувам истиот притисок кој што го имам на секои три дена. Кога размислувам околу иднината на Барселона, а јас исто така сум навивач на овој клуб, најдобра работа би била челниците да донесат нов напаѓач кој во наредните години би на носел „деветката“ – изјави Суарез.

Уругваецот кој од 2014 година го носи дресот на каталонскиот клуб, наведе тројца фудбалери кои сака да ги види во Барселона.

– Еден од нив е Тами Абрахам кој е главен напаѓач во Челси. Неговите движења и реализацијата се на врвно ниво. Вториот е Макси Гомез, не затоа што е Уругваец туку има квалитети кои и се потребни на Барселона. Тука е и Лаутаро Мартинез кој исто така е фантастичен играч – потенцира Суарез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот