Студиска група: САД да го продолжат рокот за повлекување на своите војници од Авганистан

Американски војници / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Соединетите Американски Држави треба да го продолжат рокот за повлекување на сите свои војници од Авганистан што е планирано до 1 мај, бидејќи тоа може да доведе до граѓанска војна, дестабилизација на регионот и заживување на опасноста од Ал Каеда, јавија американски медиуми.

– САД не треба едноставно да ја предадат победата на талибанците, се вели во извештајот на Студиска група за Авганистан.

Со тој извештај, според американски медиуми, се упатуваат критики кон администрацијата на Трамп за правење премногу грешки, премногу отстапки на бунтовниците во обид да се стави крај на најдолгата американска војна.

Извештајот е составен од група назначена од Конгресот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот