Студија во САД за Ковид-19: Децата истовремено може да имаат и вирус и антитела

Нова студија откри дека некои деца истовремено може да имаат Ковид-19, но и антитела во нивниот организам, јави денеска телевизијата „Еј-Би-Си“. Извештајот открива дека некои деца покажуваат знаци на Ковид-19 понекогаш и по неколку месеци од првиот позитивен тест. И не само тоа, туку има преклопување на антитела, што обично укажува на претходна инфекција.

Според здравствените експерти, студијата ја потврдува важноста за физичко дистанцирање, дури и ако детето има позитивен тест за антитела.

Педијатарката Џесика Ланери вели дека често се поврзуваат антителата со заштита од вирусот, но лекарите сè уште се обидуваат да откријат кое ниво на антитела е потребно за да се заштити човекот и колку долго ќе биде заштитен.

– Мислам дека најважното нешто за родителите е ако детето има какви било симптоми, дури и ако се благи симптоми на настинка, да ги задржат дома, дури и ако немаат висока температура. Ако имаат течење на носот, кашлање, дури и ако се супер благи, најдобро што треба да направите е да ги оставите дома и да се консултирате со нивниот педијатар пред да ги вратите на училиште, вели докторка Ланери.

Студијата исто така открила дека девојчињата на возраст од 9 до 15 години обично имаат позитивен резултат подолго од другите деца со Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот