Студија: Три отсто од Холанѓаните имаат антитела на коронавирусот

Сојот омикрон на коронавирусот во Полска пристигнува од туристите од Африка/ Фото: ЕПА

Студија на примероците од холандските донатори на крв покажала дека околу три отсто од нив развиле антитела на новиот коронавирус, што укажува на тоа колку од жителите веќе ја прележале болеста, објавиле холандските здравствени власти.

Шефот на Националниот здравствен институт, Јаап ван Дисел разултатите од студијата ги објавил во расправа со парламентот.

„Студијата покажува дека околу три отсто од Холанѓаните развиле антитела на коронавирусот“, рекол Ван Дисел. „Од тоа може да се види дека тоа се неколку илјади луѓе во земја од 17 милиони жители“.

Во Холандија досега се потврдени 28.158 случаи на заразени со новиот коронавирус, но моментално се тестираат само потешко заболените и здравствените работници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот