Студија покажа дека смртта на куче може да биде исто толку тешка како и загубата на некој близок

куче
Фото: Pexels / Yaroslav Shuraev

Сите што некогаш имале куче знаат дека истото со текот на времето станува повеќе од домашно милениче – буквално станува член на семејството. Затоа е тешко кога ќе ни умре милениче. Без разлика дали животното умрело ненадејно, од болест, по долг живот или премногу младо, загубата е болна и тешка.

Студијата докажа дека смртта на куче може да биде исто толку тешка како и загубата на некој близок

Некои луѓе ќе речат дека тоа е „само куче“. Тие нема да имаат разбирање за вашата загуба. Ништо не може да ја ублажи болката што ја чувствува сопственикот по смртта на својот миленик.

Што вели науката?

Тагата што ја чувствуваме поради загубата на домашно милениче е поткрепена со научни истражувања. Студија покажа дека процесот на тагување низ кој поминува некој откако ќе изгуби домашно милениче е многу реален.

Работата е во тоа што ние обично се однесуваме со нашите миленици на сличен начин како и со луѓето. Кога поминуваме многу време со нашето куче, чувствуваме голема загуба по неговата смрт. Кога губиме сакана личност, постојат многу различни ресурси кои ни помагаат да се помириме со загубата. Често сме опкружени со други луѓе кои исто така чувствуваат загуба, а тоа заедничко искуство и зборови на утеха можат да помогнат да се ублажи болката.

Кога ќе ни умре милениче, ја немаме истата поддршка. Од нас се очекува едноставно да продолжиме со нашите животи. Многу луѓе не сфаќаат колку смртта на домашно милениче може да влијае на човекот.

Сопствениците на домашни миленици се обидуваат да ги потиснат своите емоции и никогаш вистински не се помируваат со смртта на здрав начин. Психологот Џули Акселрод вели дека освен што губиме сакана личност, губиме и извор на утеха и безусловна љубов.

Сосема е нормално да тагувате поради смртта на домашно милениче

Домино ефектот постои и кога ќе ни умре домашно милениче бидејќи тоа доведува до промена во нашата дневна рутина. Многу сопственици на кучиња треба да го приспособат својот дневен распоред за да го прошетаат својот миленик, да го хранат, да го пуштат надвор… Кога тоа не е така, загубата е очигледна. Инстинктивно се чувствуваме како да се некаде во куќата или во дворот.

Ако сте изгубиле домашно милениче, знајте дека нема ништо лошо во тоа да ви биде скршено срцето. Тоа било дел од вашето семејство и не е важно што некој друг мисли дека треба да чувствувате. Низ што поминувате е разбирливо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот