Студија открива колку вакцината на Синофарм е ефикасна против делта-сојот

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Кинеската вакцина на Синофарм делува послабо на делта сојот отколку на постарите варијанти на коронавирусот, но тоа не значи дека не штити од потешки заболувања и смрт. После првата студија за ефикасноста на оваа вакцина на делта сојот, научниците истакнуваат дека ако сте вакцинирани со вакцината на Синофарм, многу е мала шансата дека ќе завршите во болница или ќе починете од новата варијанта на ковид-19, пренесе Блиц.рс.

Делта сојот зема се поголем замав во Македонија, но и во регионот, па со оглед на тоа дека голем број од граѓаните се вакцинирани со вакцината на Синофарм, постои интерес за резултатите од ефектите на оваа вакцина врз делта сојот. Денеска беше регистриран и првиот смртен случај на пациент од Тетово кој бил вакциниран со двете дози на оваа вакцина.

Лабораториската студија на Шри Ланка утврди дека нивото на антитела кај луѓето кои ја примиле вакцината на Синофарм е помало за 1,38 пати на делта сојот во однос на првата варијанта на вирусот регистрирана во кинескиот град Вухан.

Студијата била спроведена од научници од Универзтитетот Шри Јаиеварденепур, во соработка со Универзитетот Оксфорд во Велика Британија.

Синофарм добро се држи против делта сојот

 

Професорката за молекуларна генетика и вирологија на Универзитетот „Вест Индис“, Кристина Карингтон ја цитираше студијата од Шри Ланка и откри дека вакцината на Синофарм се држи добро и против делта сојот.

-Се очекува вакцината на Синофарм да штити од делта сојот, но и од другите варијанти на вирусот. После вакцинацијата, вашиот имунолошки систем во основа знае како изгледа непријателскиот вирус и веќе подготвил залиха на алатки за борба против вирусот. Така што, ако сте вакцинирани и се заразите, веројатноста дека ќе завршите во болница или умрете од ковид-19 е исклучително ниска и многу многу пониска отколку да не сте вакцинирани, истакнала Карингтон.

Таа додаде дека веќе постојат „податоци од вистинскиот свет“ кои покажуваат дека вакцината на Синофарм е ефикасна и против другите варијанти на коронавирусот.

-Открија дека вакцината на Синофарм е исклучително добра во создавање на антитела против вирусот. Така што, гледаме дека таа вакцина добро делува и против другите варијанти на коронавирусот, нагласи Карингтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот