Студија откри: Ова е идеалната разлика во години за успешна љубовна врска

Иако многумина знаат да кажат дека „љубовта е слепа“, една нова студија посветена на љубовните односи покажа дека разликата во возраста на партнерите може да одигра важна улога во тоа дали и колку ќе биде успешна нивната врска.
Актерот Леонардо Дикаприо (48) е познат по своите избори кога станува збор за љубовните партнерки, односно сите знаат дека претпочита помлади девојки – не постари од 25 години. Од друга страна, постојат и мажи како францускиот претседател Емануел Макрон, кој има 45 години, а е во брак со 70-годишната Брижит Макрон.
Овие два примера се доказ дека меѓу нас има секакви парови и дека преференците на луѓето се разнолики. Но, новото истражување на универзитетот Емори во САД тврди дека колку е поголема разликата во годините меѓу партнерите, толку се поголеми шансите тие да раскинат.

Истражувањето, во кое биле опфатени 3.000 испитаници, покажа дека паровите со петгодишна разлика во возраста имаат 18 отсто поголеми шанси да раскинат од оние кои се составени од партнери на иста возраст. Интересно е тоа што таа бројка скокнала на 39 отсто за паровите со десетгодишна разлика во возраста. За оние со 20 години разлика во возраста, истражувањето предвидува дека постои 95 проценти веројатност да раскинат.
Па, која би била идеалната разлика во годините?
Научниците веруваат дека најмали шанси да раскинат имаат паровите со разлика од само една година, односно само три проценти.