Студија: Мали се шансите да се заразите со коронавирус додека летате со авион

Ризикот од изложеност на коронавирусот за време на лет со авион е многу мал, се вели во студијата на Министерството за одбрана на САД.

Кога пациент кој седи носи маска, просечно 0,003 проценти од честичките на воздухот во зоната на дишење околу главата на една личност се заразни, дури и кога секое место е зафатено, се вели во студија што може позитивно да влијае на авионската индустрија.

Тестирањето е со претпоставка дека во авионот има само едно заразено лице и не го симулира влијанието на движењето на патниците.

ОВОЈ ЧОВЕК Е „СУПЕРНОСИТЕЛ“ НА КОРОНАВИРУСОТ: Болен бил додека скијал и патувал со авион, еве колку луѓе заразил (ВИДЕО)

Студијата, извршена на летовите на „Јунајтед ерлајнс” со Боинг 777 и 767, покажува дека маските помагаат во минимизирање на изложеноста на инфекција кога некој кашла, дури и ако е на соседното седиште.

– Овие резултати значат дека шансите да се заразите со Ковид во авион на Јунајтед ерлајнс се речиси непостоечки, дури и ако авионот е полн, изјави претставник на компанијата.

Студијата проценува дека патник ќе мора да биде во авион 54 часа со заразено лице за да се зарази.

Истражувањето траеше шест месеци и опфати 300 тестови за време на 38 часа лет и 45 часа тестирање на земја.

 

Светот се менува – Можно е вака да изгледаат седиштата во авионите по пандемијата на коронавирусот (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот