Студија: Мадрид, Антверпен и Торино се најзагадени градови од азот диоксид во Европа

Фото: Телеграфи

Според студија на Институтот за глобално здравје во Барселона, градовите Брисел и Антверпен се наоѓаат во првите десет најзагадени градови од азот диоксид (НО2) во цела Европа.

Студијата е објавена во списанието Lancet planetary health, а анализирани се над илјада градови во 31 земја во Европа.

Загадувањето од азот диоксид, или НО2, е најсмртоносно во Мадрид, Антверпен и Торино, а Брисел се наоѓа на осмо место.

Според авторите на студијата со намалување на загадувањето од НО2 и почитување на препораките на Светската здравствена организација, може да се избегнат 60 илјади прерани смрти секоја година.

Азот диоксидот е одговорен за најситните честички познати како ПМ 2.5 и предизвикуваат крајно опасни и некогаш фатални здравствени проблеми кај луѓето.

Најдобри перформанси, според студијата, бележат градовите во Норвешка, Шведска и Финска.

Институтот за глобално здравје ја повикува ЕУ да го ревидира своето законодавство во однос на загадувањето од азот диоксид за поефикасно да се заштити здравјето на граѓаните, за тоа е потребно да се намалат границите за НО2 и ПМ 2.5 честички во Европа.

Според белгиските студии најодговорни за загадувањето во градот Брисел од НО2 се патниот превоз и греењето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот