Студии за ефикасност на вакцините: Само во 21 век се спасени 37 милиони детски животи

Вакцинација на деца против ковид-19 / Фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Вакцините се сметаат за едно од најголеми достигнувања на медицината. Научните проекции покажуваат дека од почетокот на овој век се спасени вкупно 37 милиони детски животи во земјите со низок и со среден доход, благодарение на вакцинирање против десет чести болести, пишува порталот „Сајнс Алерт“ (Science Alert), пренесува индекс.хр.

Без пристап до одредени вакцини, како против сипаници, ротавирус, ХПВ или хепатит, изгледите дека децата кои се родени во тие земји во 2019 година дека нема да го доживеат петтиот роденден се 45 отсто.

Помала смртност

Разликата меѓу вакцинираните и невакцинираните лица, во здравствена смисла, е видлива во подоцнежни години. Новите проекции покажуваат дека смртноста на децата кои се родени во земји со низок и среден приход во 2019 година и се вакцинирани против наведените болести ќе бидат 72 отсто пониска во возрасно доба.

– Нашата студија истакнува во колкава мера е голема користа за јавното здравство доколку се спроведат програмите за вакцинирање во земјите со низок и со среден приход, изјави епидемилогот Нил Фергусон од Кралскиот колеџ во Лондон.

Пресметката на спасени животи со вакцините е неблагодарна и несовршена работа што, пак, не значи дека не е вредна за обид. Моделот има свои ограничувања, бидејќи многу земји немаат целосни и конзистентни податоци за бројот на заболени и починати.

Вакцината против ХПВ ги спасува девојките

Шеснаесет независни истражувачки групи примени различни модели за секој од тие патогени и резултатите покажуваат дека во животниот век на лицата кои се родени меѓу 2000 година и 2030 година ќе бидат спречени 120 милиони смртни случаи со вакцинирање. Дури 96 милиони од нив отпаѓаат на вакцината против сипаници и хепатит.

Резултатите во голема мера се поклопуваат со претходните проценки според кои вакцините спасиле, речиси, 20 милиони деца во 73 најсиромашни земји во светот од 2001 година додека само вакцината против сипаници е заслужна за 20 милиони избегнати смртни случаи на глобално ниво.

– Проценувајќи колку би била поголема смртноста без програмите за вакцинирање, студијата истакнува и во колкава мера е клучно да се задржи високо ниво на вакцинација, вели Кети Гејторп, авторка на едно од истражувањата.

Задржување на статус-кво состојба е само дел од големата слика. Приоритет е ширењето на достапност на вакцината, особено на новите, па според мислење на лекари рак на матката би можел да се елиминира до крајот на овој век, доколку би се вакцинирале доволен број на млади лица против ХПВ.

Вакцинациски програми против некои облици на пневмонија, исто така, се покажале како многу ефикасни и би требало да се прошират во сиромашните земји. Тие вакцини што се збирно познати како ПЦВ (конјугирани пневмококни вакцини) имаат најголем ефект за спасување на животи на деца помлади од пет години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот