СТУДЕНТСКИ СВЕДОШТВА ЗА ХАОСОТ ВО ХОНГКОНГ: „Факултетот повеќе не ја гарантираше нашата безбедност“

Фото: Kyodo/Newscom / Newscom / Profimedia

Анѓела Јанковиќ, една од студентките од Србија која се најде во срцето на судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Хонгконг, за српски „Курир“ откри детали за настаните во полуавтономната кинеска територија која со месеци се соочува со насилни протести.

Таа напоменува дека одлуката да го напушти Хокгконг ја донела дури кога им е соопштено дека демонстрантите во текот на ноќта го демолирале факултетот на кој студира.

– Утрината кога видов и слушнав за целата работа, ми беше јасно дека што побрзо морам да одам дома. Тој ден добивме и потврда од факултетот дека мораме што побрзо да го напуштиме Хонгконг. Факултетот соопшти дека повеќе не може да биде одговорен за нашата безбедност, бидејќи владата изгласа закон по кој полицијата може да влезе во било кој кампус, на било кој факултет и за тоа не им е потребна дозвола – раскажува студентката на универзитетот Лигнан од Србија.

Таа вели дека ги послушала советите на професорите што помалку да го напушта својот дом, па таа и останатите колеги оделе во продавница еднаш на два-три дена и купувале многу храна која меѓусебно ја делеле.

Таа се нашла во средината на судирот меѓу двете страни, а во изјавата на српски „Курир“ наведува дека безбедноста ѝ била загрозена и дека поради тоа се почувствувала како да е во затвор, бидејќи со денови не излегувала од собата.

– Вечерта околу 2 часот, учесниците на протестот влегоа во кампусот на Унивезитетот Лингнан, каде бев сместена, и ја демолираа мензата затоа што е во сопственост на кинеска компанија. Целото стакло на кампусот исто така беше скршено. Не советуваа да не излегуваме од собите, но искрено не знам колку долго тоа беше возможно. Можевме да одиме до продавницата преку улицата по храна, но ни велеа да не шетаме многу често – посочува студентката Анѓела Јанковиќ.

Јанковиќ исто така напомена дека таа и останатите колеги со минибус кој го ангажирал факултетот, без придружба на полицијата, се пренесени до аеродромот.

– Никој од нас не беше евакуиран по итна постапка, како што пишуваа медиумите, бидејќи не бевме на тој Политехнички факултетот кој беше во опасност претходните неколку денови. Сите ние ги напуштивме кампусите во петокот, некои веднаш отпатуваа дома, а некои се префрлија во помирните делови од градот. Но, никој не остана во кампусот и немаше никаква конкретна евакуација во однос на полицијата или било што друго. Едноставно, сами излеговме и си отидовме од кампусот – заклучува Јанковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот