Студентка запознала момче на интернет па исчезнала, полицијата ја пронајде врзана во неговиот подрум

Американска полиција
Фото: ЕПА

Студентката од Јута, минатата недела Медлин Ален исчезнала, а сега полицијата ја пронашла во домот на 39-годишниот киднапер Брент Браун. Мажот е уапсен и осуден за киднапирање, како и за сексуално и физичко малтретирање, пишува Ен-Би-Си.

Исчезнувањето на студентката го пријавило нејзиното семејство на 13 декември, а таа ја напуштила својата соба во студентскиот кампус во 9 часот навечер. Според снимките од надзорните камери, Медлин ја напуштила студентската зграда во 21:22 часот. Нејзините родители пријавиле дека исчезнала, а потрагата завршила пет дена подоцна кога била пронајдена и вратена на нејзиното семејство.

„Пресреќни сме што сега е безбедна. Сега е безбедна со нас, но она што го помина е страшно и трауматично. Не можеме ни да разбереме низ што поминала. Таа е борец, храбра е. Благодарни сме дека таа е повторно со нас и ќе и помогнеме да се опорави“, велат од нејзиното семејство.

Студентката била спасена од подрумот, каде што била пронајдена гола и покриена со јаглен, откако исчезнала минатата недела. Таа се запознала со мажот на интернет. Според инспекторите кои работат на случајот, Брент ја земал дента кога исчезнала и ја однел во град оддалечен 140 милји од нејзиниот студентски кампус. Родителите се загрижиле кога таа им испратила порака „Ве сакам“, без никаков контекст. Откако Медлин престанала да им се јавува, тие се јавиле во полиција.

Полицијата успеала да го лоцира сигналот на нејзиниот мобилен телефон и почнала да ја пребарува областа. Така стигнале до куќата на Брент, а тој им ја отворил вратата, но не сакал да ги пушти да влезат без дозвола од неговите родители, кои го поседуваат имотот. Еден од инспекторите низ прозорецот од подрумот забележал дека се движи лице со светла коса и ситна градба. После тоа добиле дозвола од родителите да упаднат во куќата и во подрумот пронашле девојка која била врзана гола и целосно покриена со јаглен. Во истиот подрум имало комплет ножеви и пушка. Подоцна беше откриено дека Брент го зел мобилниот телефон на девојката и го исклучил.

Тој и го вратил само еднаш за да може да им испрати порака на родителите, а истражителите биле тие кои успеале да ги пронајдат со тој сигнал. Девојката рече дека Браун неколку пати ја силувал и давел. Тој се заканувал дека ќе и наштети на нејзиното семејство доколку таа замине или некому каже каде е.

Браун и признал на полицијата дека ја врзал додека бил на работа, но дека и оставил храна и и дозволил да користи тоалет. Медлин разговарала и со полицијата, на која и кажала дека Браун ја натерал да се соблече кога дошла во неговиот дом и дека потоа не и дозволил да се облече.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот