Студентка прави специјални маски за лице наменети за лица со оштетен слух (ВИДЕО)

Фото: Фејсбук

Во екот на пандемијата многумина лица кои важат за креативци се обидуваат да најдат нови начини да ги заштитат луѓето од коронавирусот.

Еден од последните такви изуми се маски кои го откриваат централниот дел на лицето, а со самото тоа им помагаат на лицата со проблеми со слухот, преку гестикулации слободно да ги искажат своите мисли.

Хируршките маски, кои во последните неколку месеци се користат како мерка за заштита од коронавирусот, во целост ја покриваат устата, поради што, лицата со проблеми со слухот имаат и проблеми при комуникацијата со помош на устата и изразот на лицето (невербална комуникација).

Ова претставуваше голем предизвик за 21-годишна студентка од Универзитетот Кентаки, која слободното време дома го искористи за да направи специјална маска за лице, наменета за глувите лица.

– Моментално владее паника, но на некои луѓе не им се посветува внимание. Во овој момент е важно луѓето да комуницираат. Иако луѓето кои се глуви носат апаратчиња, тие сепак и натаму премногу се потпираат на изразите на лицето. Посветете внимание како комуницираат, изразите на лицето се дел од нивната граматика, па половина од нивното значење се губи кога ги нема – рече Ешли Лоренс, која креираше маска со транспарентен „прозорец“ во средината, така што во целост се гледа устата на лицето кое ја носи.

Студентката со помош на својата мајка успеа да ја реализира оваа идеја.

Ешли маските ги израборува бесплатно, бидејќи сметка дека во овие тешки времиња сите треба да покажеме солидарност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот