Студентите во Штип ќе следат онлајн настава

УГД ја користи платформата на Мајкрософт и немаат потреба од никакви дополнителни ресурси, се вели во соопштението од штипскиот Универзитет.

Универзитетот „Гоце Делчев” од вчера започна процес на интерактивни предавања преку интернет за своите студенти. Прв започна факултетот за информатика, но во периодот што следува ќе се вклучуваат сите факултети каде што тоа е изводливо, соопштија од Универзитетот.

Од УГД наведоа дека долго време користат електронски платформи за комуникација и работа со студентите, па ова не им претставува особен проблем.

– Наставата се одвива преку две платформи, и тоа е-учење и Microsoft Teams. Сите потребни материјали се поставени на платформата е-учење, а за директна комуникација со студентите се користи Microsoft Teams. Со ова на студентите им овозможуваме да се продолжи со образовниот процес и во една ваква вонредна ситуација. Студентите добро го прифатија новиот начин на работа и се надеваме дека ситуацијата многу бргу ќе се врати во нормала и ќе можеме да продолжиме со наставата во предавалните, изјави проректорот за настава на УГД проф. д-р Мишко Џидров.

УГД ја користи платформата на Мајкрософт и, како што велат, немаат потреба од никакви дополнителни ресурси.

Првото предавање со 40 студенти поминало во најдобар ред, презентациите и комуникацијата течела без проблем што значи студентите, како што оценуваат од УГД, во оваа новонастаната ситуација нема да загубат голем дел од своите предавања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот