Студентите во Белград повторно не и дозволуваат влез на ректорката на Универзитетот

Ректоратот на Универзитетот во Белград (БУ) и денеска е блокиран, а студентите од организацијата „1 од 5 милиони”, кои се наоѓаат во неговите простории, не сакаат да ги напуштат сè додека не се исполнат нивните барања.

Ректорката Иванка Поповиќ и студентот проректор денеска се обидоа да влезат во просториите на Ректоратот, меѓутоа, на ректорката не и беше дозволен влез.

– Во Ректоратот денеска се обидоа да влезат ректорот и студентот проректор, меѓутоа, ние само нему му дозволивме да влезе и да биде достапен за студентски прашања, изјави Мила Јовановиќ, една од студентите од организацијата „1 од 5 милиони”, која додаде дека блокадата продолжува и натаму.

– Наше основно барање е Ректорот на Универзитетот да испрати на РТС препорака до премиерката Ана Брнабиќ да го разреши министерот Синиша Мали, а наше второ барање е академската година на факултетите да не се нарушува заради одржување на Универзијадата и не се откажуваме од овие барања, изјави Јовановиќ.

Прочитајте и...  Мицкоски: Се пријавувам да бидам првиот кандидат за ветинг на македонската политичка сцена

Студентите собрани во зградата на Ректоратот повремено добиваат поддршка од политичарите од опозицискиот Сојуз за Србија (СзС), меѓу кои денеска беа и лидерите на Двери и Демократската партија (ДС), Бошко Обрадовиќ и Зоран Лутовац, кои, како што изјавија „дошле како граѓани да изразат солидарност.”

Ректорката на БУ Иванка Поповиќ изјави дека „не очекува Владата да посредува во разговорите меѓу претставниците на Белградскиот универзитет и студентите кои се во Ректоратот, бидејќи имала директна комуникација” и дека никој од Ректоратот не барал и не планира да побара полициска интервенција.

Таа за „Блиц” изјави дека барањата за разрешување на било кој член на српската Влада, па и за Синиша Мали, не се во надлежност на Универзитетот.

Прочитајте и...  Силен и пороен дожд поплави улици во Битола (ВИДЕО)

– Засега тешко е да се предвиди кога Ректоратот ќе се деблокира, изјави Поповиќ, наведувајќи дека смета оти блокадата не е најдобриот начин да се покаже поддршка за Универзитетот, како што тврдат студентите кои го блокираа.

Претседателството на Студентската конференција на Универзитетите во Србија денеска ја осуди блокадата на Ректоратот, истакнувајќи дека тоа е кршење на одредбите на српскиот Устав и загрозување на независноста на високообразовна институција како што е БУ.

Причините за блокадата, како што наведоа студентите, се неодговорното однесување на надлежните предводени од министерот за образование Младен Шарчевиќ кон образованието, падот на Универзитетот на списокот на Шангајската листа, нарушување на наставната година заради одржување на Универзијадата, најавата за иселување на студентите од Студентскиот град, одложување на испитите, скратување на годината, недостиг на литература, недостаток на простории за настава на некои факултети, како и разрешување на министерот за финансии Синиша Мали.

Прочитајте и...  Силјановска Давкова: Болна држава не може да се справи со Ковид-19, после 15 јули да ја прославиме обновената политика

Во неделата тие разговараа со ректорката Иванка Поповиќ, но не успеаја да се договорат за нивните барања. Во понеделникот тие ги зедоа клучевите на Ректоратот од обезбедувањето и ја блокира работата на вработените во оваа установа.

Реагирајќи на барањата на студентите собрани во Ректоратот, премиерката Ана Брнабиќ изјави вчера дека нивните барања нема да бидат исполнети и дека Синиша Мали нема да биде разрешен.

Прочитај повеќе

Полицијата влезе во Инфективната клиника во Косово: Пет пациенти починале за една ноќ, сите делеле еден респиратор? (ВИДЕО)

Слободен печат

Порошенко: Зеленски ме гони судски поради одмазда

Слободен печат

Филипче од Охрид: Младите здравствени работници активно се вклучени во креирањето на здравствените политики

Слободен печат

Нови 115 случаи на коронавирус, седум лица починаа, а 40 се излекувани

Слободен печат

Мицкоски од Прилеп: Ние чуда не ветуваме, тоа што ќе го ветиме, тоа и ќе го исполниме

Слободен печат

Почина академскиот сликар и професор Ангел Петров

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Макрон утре ќе го претстави составот на новата влада

Слободен печат

Силјановска Давкова: Болна држава не може да се справи со Ковид-19, после 15 јули да ја прославиме обновената политика

Слободен печат

Конфиндустрија: Јавниот долг на Албанија може да надмине 100 проценти од БДП

Слободен печат

Папата ги поздрави напорите на СБ на ОН за воспоставување примирје низ светот

Слободен печат

Спасовски: Народот го избира премиерот

Слободен печат

Зибери: Стимулирање на младите земјоделци до 35 години, со неповратни грантови од 20.000 евра

Слободен печат