Студентите во Албанија бараат финансиска поддршка од 100 евра месечно, нивните професори повисоки плати

Влада на Р. Албанија / Фото: Принтскрин / Јутјуб

Студентите во Албанија почнаа онлајн петиција со која од премиерот Еди Рама и министерката за образование Евис Куши бараат финансиска поддршка од 100 евра месечно.

Албанските студенти бараат од владата финансиска поддршка од 100 евра месечно.

Во пресрет на почетокот на новата академска година, 17 октомври, тие бараат поголема поддршка од владата, односно месечна финансиска помош од 100 евра за секој студент.

Студентите отворија онлајн петиција на порталот „Студентите осудуваат” за собирање потписи и за само неколку часа ја потпишале 6 илјади студенти.

Во официјалното допис што студентите го испратиле до премиерот Рама и министерката Куши, тие бараат Владата да ги преземе неопходните чекори за создавање посебен буџет за студентите, бидејќи трошоците за живот станале прескапи. Како само еден од многуте примери ја наведуваат станарината која чини најмалку 300 евра.

Повисоки плати на протест во петокот побараа нивните професори, кои тврдат дека не добиле покачување повеќе од десет години.

Универзитетските педагози бараат владата да ги опфати со пакетот помош поради „енормно високите цени, предизвикани од кризата” за што и дадоа рок до 5 идниот месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот