Студентите на Францускиот институт за политички науки преку твитер ги осудуваат силувањaта и сексуалните напади

Францускиот институт за политички науки има репутација дека ја создава  елитата, но по скандалот со Оливие Духамел нивниот претседател, обвинет за инцест, по што поднесе оставка, следена од таа на директорот Политички науки во Париз, Фредерик Мион се најдоа во зона на медиумски турбуленции, следени со поплава од пораки на социјалните мрежи, во кои сведочат за сексуално насилство и пасивност на администрацијата на институтот, јави дописникот на МИА.

Во последниве денови, стотици пораки се истурија во социјалните мрежи. Во нив станува збор за силување, сексуални напади и виновната пасивност на администрацијата на Институтите за политички студии (ИЕП), „Сцианс По”, овие десет особено селективни школи, распоредени на територијата на Франција. Во понеделникот, се појави хаштагот #Sciencesporcs (игра на зборови на „Сцианс по” и се додадени само три букви со што таа станува на француски јазик „Сцианс свињи”  во вторникот вечерта на Твитер имаше повеќе од 22 000 појави, според алатката за следење на Визибрин. Притоа се отворени истраги во Тулуз и Гренобл.

Обично, на приватната група на студенти на Фејсбук на Сцианс По Бордо, има претежно конференциски програми, состаноци за дебата, аперитиви или понуди за практиканти. Но, на 23 јануари, долга порака предизвика експлозија. Студентка го опишува силувањето извршено од нејзиното момче во април 2019 година.

Нејзиниот пост означува почеток на долга серија: четири дена подоцна, страницата веќе вклучува петнаесетина други публикации со ист тон. Во моментов, има 166, според Sexprimons-nous, феминистичко здружение на ИЕП на Бордо. Ова здружение во понеделникот отвори образец преку Интернет, за да продолжи да собира сведоштва.

Француските медиуми, при ова ослободување на говорот, гледаат последица од аферата Оливие Духамел, сега веќе поранешен претседател на Националната фондација за политички науки, принуден да даде оставка по книгата на Камил Кушнер, во која таа отворено пишува за инцестот на кој беше жртва нејзиниот брат од страна на Духамел. Во понеделникот повторно се одржаа демонстрации за да се побара оставка на директорот на Сцанс По Париз, Фредерик Мион, кој беше запознат за обвинувањата што го товарат познатиот специјалист за уставно право Духамел, пред тие да бидат обелоденети во јавноста. Под притисок, тој исто така во вторникот навечер објави дека се откажува од своите должности.

Сепак, јазиците се опуштија многу подалеку од ѕидовите на Сцианс По Бордо. Сведоштвата составени на Инстаграм од страна на феминистичката активистка Ана Тумазоф која студирала на  Сцианс По Тулуз, доаѓаат од сите ИЕП.

-Ви пишувам затоа што и во Тулуз нè силуваат (…). На почетокот ме навредуваше како и другите, дури и многу повеќе, а потоа ме силувавте (…). Спиев и Продолживте. Ме прашавте дали е во ред, реков не и готово “, вели Жулиет (20).

Жалбата поднесена од младата жена на 6 февруари доведе до отворање на предистрага. Во Гренобл, обвинителството соопшти дека примило два пријави за сексуален напад од страна на раководството на „Сцианс По” и отворило истраги.

Повеќекратните сведоштва зборуваат за силувања, сексуални напади, кои понекогаш се случувале за време на викендите за интеграција и меѓуучилишните спортски натпревари, но и за време на мобилноста во странство.

Постојат многу пораки кои го доведуваат во прашање ставот на администрацијата. Една млада жена конкретно изјавува:

-Алармирав дека ме малтретира студент во институцијата и нема никаква реакција. Им реков дека овој студент ме силувал, без никаква реакција. Ме третираа како измет, не ми веруваа и не направија ништо.

Порака исто така гарантира дека администрацијата на Сциансе По Стразбур одвратила студент да поднесе жалба за дела на сексуално вознемирување. Друго тврдење дека Сцианс По санкционирал лице кој силувал жена со пивско шише со промена на неговиот кампус. Професорите исто така се обвинети за малтретирање и напади.

Во Бордо, од каде сè започна, здружението Секспримонс-Ну се сретна со директорот на ИЕП, Ив Делоје, на 2 февруари.

-Сега кога овој трагичен збор е објавен, тој мора да биде пречекан со емпатија и да се справи одлучно, се вели во соопштението издадено од управата. Особено, тој се обврзува да воспостави програма за обука и превенција. Работна група мора да предложи план за акција, со цел да се спроведе на почетокот на следната учебна година.

Од своја страна, ИЕП од Стразбур реагираше во вторникот, потврдувајќи ја својата „многу голема претпазливост против сите форми на дискриминација и насилство”, како и својата „непопустливост”. „Постапките кои беа воспоставени се чини дека не вродија со плод”, признава Институтот. “Школата исто така се обврзува со уште шест други Сцианс По да работат сега на имплементација на нови системи”.

Ако некои гласови ја осудија „културата на силување”, која беше особено обележана во Сцианс По, членовите на Секспримонс-Ну сакаат да бидат поумерени и да ја побијат идејата за специфичен проблем поврзан со ИЕП.

-Она што сакаме да го покажеме е дека ова сексистичко и сексуално насилство не ја поштеди на Сцианс По, туку дека тоа насекаде, во целото високо образование. Насекаде, велат од здружението.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот