Студентите може да полагаат испити, колоквиуми, да бранат дипломски и магистерски тези

На денешната седница беше донесена и Уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за високото образование за време на вонредна состојба. Уредбата се носи со цел овозможување редовна организација на високообразовните установи, а воедно спречување на ширење на коронавирусот КОВИД-19, имајќи ја предвид вонредната состојба.

На високообразовните установи каде постои можност за целосна примена на протоколот, со физичко присуство на студентот може да се реализираат предавањата, вежбите, форми на континуирана проверка на знаењето, индивидуалната настава и други облици кои се соодветни на специфичноста на наставно – научната и уметничката област, консултативно – инструктивната настава, индивидуална студиска работа (истражување на литература, семинарски задачи, проектна работа), полагањето на испитите и колоквиумите, како и одбраната на дипломска, магистерска теза, и докторска труд, беше одлучено на денешната 56-та владина седница.

Од Владината прес-служба наведоа дека, исто така, со Уредбата се регулира и работата на Стручната служба, која може да се врши со физичко присуство на вработените, ако за тоа постои можност за примена на протоколот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот