Студенти запалиле колешка бидејќи пријавила сексуално злоставување

Фото: Принтскрин

Во едно училиште во Бангладеш, студенти ја полиле со керозин и ја запалиле нивната колешка Нусрат Џахан Рафи.

Тие го направиле овој грозен чин бидејќи таа претходно пријавила сексуално злоставување кај директорот.

Девојката починала пет дена по нападот, а нејзината приказна привлече големо внимание во целиот свет на ранливоста на жртвите на сексуално вознемирување во оваа конзервативна земја.

Нусрат, која имала 19 години, студирала во Медреса, односно високоисламска школа. По пријавата не добила никаква заштита, само полицаецот ја снимил нејзината изјава.

Подоцна на видеоснимката што се појавила во медиумите се гледа како Нусрат видно вознемирена се обидува да го скрие лицето со рацете, додека полицаецот ѝ вели дека обвинението не е голема работа и дека треба да ги тргне рацете од лицето.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот