Студенти од Филолошкиот факултет преведоа 22 легенди од светот

Студенти од Катедрата за англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и нивната професорка Мира Беќар, преку онлајн-платформата Зум ја промовираа книгата „Херојски приказни: митови, легенди и приказни од различни делови на светот“.

-Идејата за книгата настана на часовите на кои со студентите од трета година дискутиравме за компјутерски игри. Низ разговорот сфатив дека некои од студентите не се свесни дека многу од карактеристиките што ги посочувавме за главните ликови од игрите се базирани на ликови од митови, приказни, легенди и дека е потребно тинејџерите и студентите да се запознаат со тие наративи. Важно ми беше да ја сфатат тимската работа. Различни студенти имаат и различни интереси и афинитети и важно беше да се разбере дека секој на секого може да му помогне, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Мира Беќар.

Прочитајте и...  Клиниката за торакална и васкуларна хирургија доби една од најсовремените операциони сали во регионот

Процесот на преведување е предизвик, некои истиот го поминуваат полесно, за други претставува искушение.

-Проект е добра можност да ги откријат предизвиците на преведувањето митови и легенди. Тие одлично се дополнуваа, бидејќи некои се талентирани за пренесување дијалози на пожив начин, некои се добри со македонската синтакса, некои со деталните описи (употреба на придавки), некои со познавањето на митологија. На некои им бил возбудлив преводот, на други потежок, но пребродиле се. Практично се изложиле на искушенија (преведувачки, професионални, тимски), на падови и будења, вели Беќар.

Прочитај повеќе

Спасовски и Филипче во Куманово: На 15 јули гласајте за сигурно здравство

Слободен печат

Еколошка катастрофа: На Арктикот истекле 45 тони гориво

Слободен печат

МЗ: Изминатиот период се набавени 12 амбулантни возила и 13 нови возила за домашно лекување (ФОТО)

Слободен печат

Лагите и конспирациите за Ковид 19, не ја поштедија ни починатата 24 годишна девојка од Тетово

Сопругата на Пендаровски ќе биде во избирачки одбор за гласање на заразени од коронавирусот

Слободен печат

Мицкоски: Народот одлучува за каква иднина ќе има, во каква држава сакаме потомци да живеат

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Дневен преглед на состојбата со коронавирусот во светот

Слободен печат

Имунологот Јанковиќ: Ова не го очекувавме во Србија, ова е борба за опстанок

Слободен печат

Борисов: Постои демократски начин за преземање на власта, а тоа е на избори

Слободен печат

Косово со поригорозни мерки против коронавирусот, нема прогласување на вонредна состојба

Слободен печат

Клиниката за торакална и васкуларна хирургија доби една од најсовремените операциони сали во регионот

Слободен печат

Црногорската опозиција обединета во Граѓански блок ќе настапи на парламентарните избори

Слободен печат