Студенти од цела држава на платена пракса во ТИРЗ

Фото: Архива

Седум студенти и дипломци од целата држава започнуваат со тримесечна неделна платена пракса во Дирекцијата за ТИРЗ. Ова е нов концепт на пракса кој се воведува во Дирекцијата со цел на млади луѓе, покрај факултетското образование да им се даде можност да се стекнат со практично искуство и вештини.

– Воведуваме нова менторска програма преку која сакаме да ги поврземе студентите од различни сектори со ментори од ТИРЗ кои ќе работат на развивање на конкретни вештини. Верувам дека ќе го поттикнеме креативниот потенцијал кај овие млади луѓе и ќе придонесеме кон градење на нивните капацитети и усовршување. Ова е чекор напред кон креирање на стручни и професионални кадри кои ќе може да напредуваат овде, дома – изјави Јован Деспотовски директор на ТИРЗ.

Ова е само една од програмите на ТИРЗ наменети за млади. Студентите доаѓаат од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, Американ колеџ како и Штуловиот Универзитет во Тетово и ќе бидат распределени во различни сектори.

Праксата започнува на 3 август и ќе трае три месеци, а студентите ќе работат на проекти кои ќе ги презентираат на крајот од праксата. Практикантите беа избрани од 20 пријавени кандидати на јавниот оглас на ТИРЗ.

По завршувањето на овој циклус, ќе биде објавена слична програма, со цел да им се даде можност за практична настава и на други студенти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот