Студенти менуваат наставници кои се во изолација поради ковид-19

Настава во време на пандемија / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во скопско основно училиште, наставничка од едно одделение кое посетува настава со физичко присуство, отишла во изолација бидејќи заболела од ковид-19, а на нејзино место дошол студент да им држи часови на учениците. 

Во нашето училиште имаше случај со наставник заболен од ковид-19, па наместо него студент дојде да им предава на децата додека тој не се врати на настава. Ова е чуден случај, не знам како студент може да замени наставник, вели мајка на основец за „Слободен печат“, која побара да остане анонимна.

Слободен печат разговараше со неколку наставници дали се запознаени со ваквата пракса, кој треба да го замени наставникот ако тој е во излоција, но тие ни одговорија дека не знаат или дека треба да се најде заменски наставник.

– Јас бев позитивна на вирусот, но без симптоми, па регуларно си држев часови онлајн. Но, доколку наставникот има симптоми тогаш треба да се најде заменски наставник кој е на располагање, а кој добро ја знае содржината која ја изучуваат наставниците – вели за „Слободен печат“ наставничката по македонски јазик Билјана С.Дивјаковска од основното училиште „Круме Кепески“.

Деновиве расте бројот на заболени наставници и ученици во училиштата ширум земјава, а  основното училиште „Владо Тасевски“ од општина Карпош ги затвори вратите и продолжи да функционира само со онлајн настава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот