Студенти им делеа заштитна опрема на минувачи во Тетово

Студентите од Универзитетот на Југоисточна Европа денеска спроведоа акција на отворено во центарот на Тетово за да помогнат да се спречи ширење на коронавирусот.

Тие поделија 300 заштитни маски, ракавици, како и хигиенски средства за дезинфекција на раце на минувачите во градот.

– Нашата порака до граѓаните е да ги почитуваат новите мерки на Владата. Студентите да останат дома и да следат настава преку Интернет, како што започнавме уште од вториот ден на оваа пандемија, така што сега веќе успееваме да ги полагаме испитите онлајн, истакна Агрон Демири, претседател на Студентскиот парламент при УЈИЕ.

Ваква акција е спроведена и од студентите во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот