Студеното и снежно време продолжува, најмногу снег на Маврово

Снег/ Фото: ЕПА

Врнежите од снег во најголемиот дел од земјава ќе продолжат до крајот на денот, само на југоистокот ќе бидат од дожд. Снежна покривка е формирана на Маврово од 27 сантиметри,  24 Ѓуриште, 19 Лазаропол  и Попова Шапка, 15 Тополчани, 14 Пожаране, 12 Претор, девет Битола, осум Берово, пет Штип, четири Тетово и Прилеп и еден во Скопје на Зајчев Рид.

Облачно и студено со врнежи од дожд е во Гевгелија. Краткотрајно, како во Крива Паланка преку денот и доцна попладнево во Битола, повремено се менуваа врнежи од дожд со врнежи од снег. Снег врнеше и на планините и на повисоките места.

Врнежите од снег ќе продолжат и утре на планините и на повисоките места. На југоистокот врнежите ќе бидат од дожд, а на пониските места во останатите делови од земјата тие повремено ќе преминуваат од дожд во снег особено во ноќните и утринските часови. Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови и ќе дува умерен до краткотрајно засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.

Во Скопје облачно и студено со повремен дожд, кои кон крајот на денот и во текот на ноќта во делови од котлината ќе преминува во снег. Минималната температура ќе биде околу 0, а максималната ќе достигне само до 4 степени.

Во вторник и среда ќе дува умерен до силен северен ветер најизразен долж Повардарието и ќе има услови за повремен снег на планините и повисоките места. На пониските места ќе има повремен дожд кој ќе преминува во снег. Во деновите од работната недела ќе се задржи студено, а утринските температури ќе се најниски во среда и четврток.

Поради интензивни врнежи од снег oд 14.30 часот е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила  патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека и на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.

Од 10:15 часот поради интензивни врнежи од снег забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец крак Маврово

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот