СТУДЕН ТУШ ЗА ШКЕНДИЈА: Номе Калју се радува во Скопје!

Иако славеше Шкендија на првиот меч (0:1), поради поголемиот број на постигнати голови Естонците се пласираа во следното второ коло.

Шок уште на самиот старт, како незагреани фудбалерите на Шкендија, во петтата минута еден корнер за гостите, највисок со глава беше Максимилијано Уџе кој ја смести топката во мрежата на немоќниот Захов кој не реагираше најдобро.

Тетовци со сие сили тргнаа кон голот на гостите,  но недостасуваше тој завршен чекор. Во 39 минута беше досуден слободен удар, убаво шутираше Бесарт Ибраими, а Лондак со крајни напори ја отстрани опасноста.

Дури 70-30 % беше поседот на топка во корист на македонскиот шампион, но што вреди кога „опуштениот“ Номе кој освен постигнатиот гол немаше ниту една сериозна шанса и на пауза замина со водство од 0:1.

Прочитајте и...  ТРАГЕДИЈА: Загина аргентински олимпиец
Фото: Фејсбук/Шкендија

На стартот од вториот дел, поточно во 50 минута повторно Б. Ибраими прекрасно шутираше од околу 20 метри, но ја погоди стативата за само воздишки на трибините.

Во одредени моменти гостите имаа и среќа, но ја немаа во 62 минута, бидејќи беше досуден пенал за нашиот првак, голманот Лондак ја боксуваше топката и го удри Уџе во рака, па чешкиот арбитар покажа на белата точка, прецизен беше Агим Ибраими за израмнување (1:1).

Во 68 минута беше пропуштена уште една убава прилика, А. Ибраими ја погоди пречката. Во една од ретките акции во своите напади, Номе Калју повторно многу случајно и среќно, овојпат преку Лилиу (90+1) од непосредна близина дојде до погодок, решавачки на дуелот и победнички за голема сензација во Скопје.

  1. квалификациско коло, Лига на шампиони
Прочитајте и...  Марија Шарапова: Ледената кралица на спортот

Национална арена „Тодор Проески“ – Скопје

Шкендија-Номе Калју 1:2 (0:1)

А. Ибраими 62` пенал/Уџе 5`, Лилиу 90+1

(прв натпревар Номе Калју-Шкендија 0:1)

Шкендија: Захов, Мици, Бејтулаи, Алими, Муслиу, Б. Ибраими (Жуниор 63), Тотре, А. Ибраими, Радески, Мурати, Хусмани (Нафиу 46).

Прочитај повеќе

КАКО УСПЕА ЧОВЕКУ: Неверојатен автогол на голманот на Гренобл! (ВИДЕО)

Слободен печат

Луис Суарез ги израдува навивачите на Барса!? (ФОТО)

Слободен печат

Премиер лигата посилна од коронавирусот, а Гвардиола: „Не сум како Клоп“! (ВИДЕО)

Слободен печат

Фудбалерот на Тотенхем го посети Сеул, Сон мора во карантин

Слободен печат

Ѓоковиќ против Циципас за титулата во Дубаи! (ВИДЕО)

Слободен печат

Дибиров за судбината на Вардар: Не можам да сфатам како го оставаат да исчезне!

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Месина: Доколку не тргне добро, ќе кашламе да го исплашиме Жалгирис!

Слободен печат

Мечот Вардар-Монпелје ќе се игра со ПРИСУСТВО на публика, но има препорака!

Слободен печат

Интервју со Марјан Колев: Без силна лига и стратегија, ќе имаме само таленти кои нема никогаш да прераснат во врвни играчи!

Фидан Коминовски

Нејмар повторно ја тужи Барселона

Слободен печат

Кинеските одбојкарки во карантин ги започнаа подготовките за ОИ

Слободен печат

НАВИВАЧИТЕ ЌЕ ОСТАНАТ ДОМА: Викендов спорт ќе има, ама без публика

Слободен печат