Студ ја окова Боливија: Дебела снежна покривка, властите издадоа предупредување за ниски температури (ВИДЕО)

Додека во голем дел од Европа се бележат рекордно високи температури, јужноамериканската држава, Боливија, издаде предупредување за опасност од екстремно ниски температури.

Најкритично е во западните делови на земјата, каде што националната служба за метеорологија прогласи портокалов аларм. Големите снежни наноси блокирале неколку патни правци, а предупредувањето ќе биде во сила до крајот на работната недела, кога се очекува престанок на врнежите и пораст на температурите.

Боливија се наоѓа на јужната полутопка, што значи дека периодот на зима и лето се спротивни од оние на северната полутопка. Летото во Боливија трае од ноември до март, а зимата од април до октомври. Просечната температура за време на летото е 22 степени целзиусови, а во зима е 15.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот