Стружани го дезинфицираат стадионот пред тренинзите и мечевите (ФОТО)

фото: фејсбук

Со оглед на тоа што нема испаѓање, Струга Трим Лум ќе го даде максимумот за што подобро место на конечната табела.

Фудбалската федерација на Македонија одлучи да продолжи оваа сезона во Првата лига со плејоф и без испаѓање.

Комисијата за натпреварување во ФФМ ќе предложи продолжување на првенството во термин од 14. до 21. јуни, а за предложените датуми ќе се информираат и во координативниот кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирусот, а натпреварите ќе се играат без присуство на гледачи.

Во меѓувреме екипата на Струга Трим Лум веќе ги почитува здравствените мерки за безбедно враќање на играчите на тренинзите, а потоа и натпреварите.

фото: фејсбук

Стружани го реализираат процесот за дезинфекција во нивниот тренинг објект. Како што и самите најавуваат, наскоро очекуваат враќање на фудбалските терени.

Со оглед на тоа што нема испаѓање, екипата на Струга Трим Лум која моментно е на последната позиција ќе го даде максимумот за што подобро место на конечната табела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот