Ноќеска, после полноќ, во СВР Скопје, од страна на Итна медицинска помош било пријавено дека на вечерта околу 22.00 часот, на Н.Ш.(48) од Струга, додека бил со познаник во стан на подрачјето на Центар, му се слошило и починал.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Скопје.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.