Стружанец криел оружје и муниција

Фото: Илустрација

Полицијата до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против С.В.(41) од Струга. Тој е осомничен дека незаконски чувал огнено оружје.

Во пријавата пишува дека на шести септември во село Мали Влај, полицијата извршила преглед на автомобил „мерцедес”, управувано од Д.М. (37) од Струга, во кое сопатник бил сега осомничениот. Полициските службеници кај него пронашле и одзеле две ловечки пушки, 12 куршуми за ловечка пушка, пиштол „црвена застава” со една рамка и осум куршуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот