Струшките и кичевските средношколци од четврток ќе одат на класична настава

Средно училиште / Фото: Драган Митрески - Слободен печат

Нема нова препорака за изведување онлајн настава за учениците од средните училишта во Струга и во Кичево, па тие од четврток ќе одат на класична настава во нивните школи, објави Алсат.

Во среда завршува актуелната препорака за настава преку интернет за средношколците од овие два града. Нивните врсници во Тетово и Гостивар ќе продолжат со настава „онлајн“ уште една недела.

Денеска беа потврдени уште два случаја на ученици заразени со коронавирусот – едниот во Велес, а другиот во Скопје. Заразени се и двајца директори и еден педагог од велешките училишта. Од почетокот на школската година досега има 16 позитивни ученици, што според властите, не е пречка за продолжување на наставата со физичко присуство. Министерката за образование Мила Царовска вели дека овие ученици не се заразиле во училиштата, односно дека школите не се извор на зараза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот