Струмица: Казнети 30 лица-загадувачи кои палеле и согорувале отпас

Фото: Профимедиа

Од почетокот на годината досега комуналните инспектори и овластениот инспектор за животна средина казниле 30 лица-загадувачи кои палеле и согорувале отпад, информираат од Одделенито за инспекциски работи при општина Струмица.

Последниот случај бил евидентиран вчера, кога по пријава на граѓани е поднесена прекршочна пријава против граѓанин кој горел кабли во близина на градот.

Поднесените прекршочни пријави се однесуваат на поединци и тие се казнети за палење и согорување отпад и загадување на амбиенталниот воздух.

Од вкупно поднесените 30 прекршочни пријави, 13 се поднесени во септември и октомври

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот