Струмица: 18-годишник извршил обљуба врз врсничка, му помогнале уште две лица

Фото: илустрација

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднел кривична пријава против И.Д. (18), кој престојува во селото Банско, струмичко, М.Д. (21) и А.Д. (25) и двајцата од Банско, затоа тоа што завчера околу 17:40 часот на ул.„Невена Стојкова” И.Д. извршил обљуба врз 18-годишна девојка од струмичко село, а М.Д., А.Д. и уште две лица му помогнале во намерата.

Како што соопштија денеска од МВР, лицата биле лишени од слобода и по обезбедените докази вчера биле изведени пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица, кој на тројцата им определил мерка притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот