Струмичките угостители најавуваат протести: Ние не ја шириме короната!

Од протестот на угостителите во април. / Фото: Слободен Печат. / Драган Митрески

Струмичките угостители поради незадоволството од новите мерки против ковид-19, од вторник ќе излезат на протест за да го изразат револтот.

Од вторник од 11 до 13 часот, секој ден во знак на незадоволство ќе ги блокираме улиците во Струмица како и влезовите на градот. Ги бараме повторно претходните мерки за слободен влез на невакцинирани и вакцинирани, бидејќи со моменталните мерки се создава само поделба на граѓаните. Ние не сме тие што ја шириме короната и затоа бараме Владата да го прифати нашето барање – велат од Угостителското здружение од Струмица и најавуваат дека ако не им се исполни барањето, ќе одат и со поостри мерки. Оттаму посочуваат дека во овие години трпат најголеми последици од кризата и дека е време Владата да донесе нови мерки што ќе бидат и во нивна корист.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот