Струмичкиот театар одбележа 70 години постоење

Со промоција на монографијата „Сцена, светлини” од Ацо Гогов, изложби на фотографии и костими од театарски претстави одиграни во изминатите 70 години и доделување на плакети и благодарници, синоќа беше одбележана седумдесетгодишнината од постоењето на Народниот театар „Антон Панов” од Струмица.

Со кратко видео и колаж од фотографии накусо беше прикажана седумдесет годишнината историја на струмичкиот театар.

На пензионираната актерка Тинка Ристевска и беше врачено специјално признание за полувековниот непрекинат настап на театарската сцена.

– Од седумдесетте години на нашиот театар мои 50 се вложени во театарот. Активно 35 години, но формално само заминав во пензија во 2005 година , но и оттогаш постојано играм. Никогаш нема да го заборавам ноември 1969 година кога дојдов и почнав со улогата на Донка во „Бегалка”, а годинава завршив со Аманда во „Стаклена менажерија”, рече актерката Ристевска.

Инаку, струмичкиот театар е формиран на 1 мај 1949 година и досега се подготвени вкупно 393 премиери, одиграни се 4.938 претстави, а присуствувале вкупно еден милион 303 илјади и 442 гледачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот