Струмичкиот карневал нема да се откаже, ќе се следат препораките од надлежните

Фото: МИА

Следејќи ги препораките одлучивме да го тераме карневалот, бидејќи ние не сме во состојба да одлучиме самостојно и да шириме паника ако го откажаме, вели претседателот на организациониот одбор.

Засега откажа една мала група со деца од Белград, поради препорака во нивното училиште да не се патува на екскурзии, а други откажувања немаме, информираше вечерва претседателот на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, Александар Цицимов пред почетокот на годинашните карневалски празнувања по појавата на коронавирусот во нашата држава.

Според него, Организациониот одбор ги почитува препораките на Владата, кои беа соопштени попладнево дека сите манифестации и животот треба да продолжат.

– Следејќи ги препораките одлучивме да го тераме карневалот, бидејќи ние не сме во состојба да одлучиме самостојно и да шириме паника ако го откажаме. Бидејќи, на ниво на државата е решено манифестациите да продолжат ние тераме според утврдената програма, додаде Цицимов.

Инаку, на Интернационалната карневалска вечер, која ќе се одржи в сабота, треба да учествуваат 45 поединечни и групни карневалски маски од земјава, но и од Србија, Црна Гора, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Грција, Италија и Германија со над 1.200 учесници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот