Струмички „Комуналец” го раскина договорот со друга фирма за собирање смет

Фото: МИА

ЈПКД „Комуналец” денеска спогодбено го раскина договорот со друга фирма за собирање смет, кој беше потпишан неодамна, информираше градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

– Договорот е раскинат спогодбено со што ниту едната, ниту другата страна нема да имаат правни последици од овој договор. И порано и сега сметам дека оваа реакција вроди со плод со цел ваквите одлуки кои ги интересираат нашите сограѓани и кои се од голема важност за нив треба да се одвиваат и донесуваат потранспарентно со поширока дебата, со поиздржани решенија и сигурен сум дека такви решенија секако постојат – рече градоначалникот Јаневски на денешната прес конференција.

Тој додаде дека и понатаму ќе се залага одлуките на општина Струмица да бидат максимално транспарентни и во корист на граѓаните.

Со раскинатиот договор се предвидуваше „Комуналец” да плаќа до милион и двесте илјади евра на фирма за собирање на сметот од територијата на општина Струмица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот