Струмичката ММА борачка Нина и нејзината свршеница добија ќерка (ФОТО)

Американската ММА борачка Нина Ансароф со потекло од Струмица, деновиве роди здраво девојче со вештачко оплодување.

Нина гордо го покажа трудничкото стомаче, а може да се забележи и големата тетоважа со македонско знаме, на кое е испишано нејзиното вистинско презиме, Ансарова / Фото: Инстаграм

Нина со нејзината вереница, Бразилката Аманда Нунес, која важи за голема ѕвезда во ултимејт фајт, се заедно веќе подолго време.

Тие лани oдлучиле дека сакаат да добијат дете, а пред некој ден желбата конечно им се исполни откако Нина на свет донесе здраво девојче.

Instagram

Интересен е фактот што вистинското презиме на Нина е Ансарова, нејзините баба и дедо се од Македонија, поточно од Струмица.

Струмичанката Нина има 34 години, таа е родена во САД и затоа настапува како Американка.

Нина и Аманда / Instagram

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот