Струмичанката Катица има еден од најубавите дворови во германскиот град Крефелд

Катица со партнерот

46-годишната Катица Атанасова пред четири години го напуштила строгиот центар на Струмица кадешто израснала и живеела, и се преселила во Германија, во градот Крефелд. Куќата ја купиле во ноември, минатата година, па после внатрешното уредување, следело надворешното, односно годинава за првпат Катица со мерак го уредила дворот, заедно со партнерот.  

– Познавања за градинарство и цвеќиња имам веќе 10 години, меѓутоа живеев во стан и имав цвеќиња онолку колку што просторот ми дозволуваше. Поголемо познавање има мојот партнер, кој ми помага во уредувањето на дворот, вели Катица.

По три до четири часа дневно Катица му се посветува на дворот, но смета дека зема време ама не и напор зашто вели дека сè што се прави со љубов и задоволство е лесно. Дворот се простира на 250 квадратни метри.

Ја прашуваме, на што особено е горда во дворот и кои цветови ѝ се слабост, а таа ни одговара:

– Искрено, сите ми се убави, сите имаат некоја посебна енергија, а таа измешана енергија дава убави емоции. Посебно ќе ги издвојам темјанушките, петуниите и маргаритките специфични по своите разновидни нијанси.

Катица е горда на спокојството кое го добива од дворот.

– Тој е како филтер на секој поминат стресен ден, особено во овие две години на пандемија. Инаку, во завршна фаза ни се летниковецот и фонтаната, па навистина ќе бидам горда со нив бидејќи се дело на мојот партнер.

Катица со партнерот

Се согласуваме дека е привилегија да се има толкав и убаво среден двор во Крефелд, бидејќи тоа чини и време и финансии.

Катица е мајка е на два сина (24 и 21 година), моментно е домаќинка бидејќи обврските околу домот и куќата се преголеми. Но за иднина има други планови.

– Размислувам приватно да работам, тука, во Германија, а страста кон градинарството и понатаму останува, како хоби за кое научив многу од мојот партнер и хоби кое заедно го делиме.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот