Струмичанка пронајдена мртва во својот дом

Полиција / Фото: МИА

Во куќа на улица „Балканска” во Струмица попладнево е пронајдена мртва жена на 67 – годишна возраст.

Веста ја потврдија од струмичката полиција, од каде информираа дека на местото на настанот се полициски екипи и се врши увид,

И од Основното јавно обвинителство во Струмица потврдија дека заменик – јавен обвинител врши увид во куќата каде е пронајдена жената, но повеќе детали не се соопштуваат.

Увидот сѐ уште трае, а од полицијата повеќе информации најавуваат за подоцна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот