Струмичанец заразен со коронавирус имал голем број контакти

Центар за јавно здравје, Струмица / Фото: Архива

Денеска е евидентиран првиот докажано позитивен пациент на Ковид-19 во Струмица, информираше директорот на Центарот за јавно здравје, Петре Витанов.

-Се работи за триесет и две годишен струмичанец, кој имал поголем број на контакти и многу се движел. Тој е во добра здравствена состојба, но состојбата е сериозна бидејќи пациентот имал многу контакти и самиот не знае каде и од кого се заразил, рече директорот Витанов.

Тој апелира граѓаните да не се опуштаат и целосно да се придржуваат до мерките за заштита.
Инаку, порано беа евидентирани двајца заразени од коронавирусот на територијата која ја покрива Центарот за јавно здравје, во општините Босилово и Ново Село. И двајцата заболени успешно се излекуваа во домашни услови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот