Струмица го скрати буџетот за новогодишно украсување

Новогодишно украсување во Струмица во 2019 година / фото: Strumicanet.com

За новогодишните и божикните празници во Струмица ќе биде украсен само плоштадот, одлучија денеска членовите на Советот, прифаќајќи го предлогот на градоначалникот Костадин Костадинов за скратување на планираните средства од 1,5 милион на 400 илјади денари.

Според Костадинов, причина за скратување на парите е енергетската криза, која ја прогласи Владата.

-Јас лично и како граѓанин би сакал да ја видам општината украсена, но од друга страна имаме европска енергетска криза заради која Владата има донесено и кризна состојба. Затоа сметам и предлагам до Советот да биде донесена одлука да биде украсен само плоштадот, каде е и најголема фреквенцијата на луѓето за време на новогодишните празници, рече Костадинов.

Со ребалансот на буџетот парите за украсување на Струмица Советот ги пренасочи за проекти од програмата за уредување на градежното земјиште.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот