Струјата ќе поскапи 10 отсто, вели Бектеши, неизвесна е и денската евтина тарифа

Крешник Бектеши
Крешник Бектеши / Фото: Фејсбук, Крешник Бектеши

Цената на електричната енергија за домаќинствата и за малите потрошувачи ќе  се зголеми до 10 отсто. Новата цена ќе се знае на 9 декември, изјави министерот за економија Крешник Бектеши за Алсат.

– Да бидам искрен, на затворена владина седница веќе е усвоена одлука со која ЕСМ ќе учествува на јавен тендер објавен од универзалниот снабдувач, во овој случај, ЕВН Хоме. Јас само можам да потврдам дека крајната цена според сите проекции што сме ги правеле ние како енергетски тим во рамки на Владата, нема да биде над 10% за домаќинствата и граѓаните, вели Бектеши.

Неизвесно е и дали по Нова година граѓаните преку ден ќе имаат евтина тарифа на електричната енергија, објавува Алсат. Според надлежните 100 отсто од потребната струја  на Универзалниот снабдувач за домаќинствата  ќе биде обезбедена од ЕСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот