Струга Трим Лум е изненадувањето во Првата лига, прв триумф за Шкендија

Стружани славеа и против Шкупи со 4:2/Фото: facebook.com/Fcstruga

Денеска се одиграа пет натпревари од четвртото коло во Првата македонска лига, актуелниот шампион Шкендија ја запиша првата победа сезонава.

Тетовските „црвено-црни“ дојдоа до бодовите со головите на Ибраими, Елези и Дориев кој двапати се запиша во листата на стрелците.

Борец одигра нерешено со Брегалница, за штипјани ова е веќе четврто реми по ред во шампионатот. Велешани во 67 минута стрелаа за водство, а во самиот финиш составот на Секуловски израмни благодарение на Додев (90+3`).

Скопје славеше минимално над Пелистер (1:0) со погодокот на Јашароски во 20 минута, а Работнички со 2:1 беше подобар од Тиквеш. По првото полувреме водеа „романтичарите“ со голот на Станковски од пенал, на ист начин возврати кавадаречкиот клуб (Ивановски, 53`). Станковски својот втор гол го имаше во 58 минута за втора победа на Работнички во првенството.

Струга Трим Лум е најпријатното изненадување досега во домашната лига, денеска славеше и против Шкупи (4:2). Пред одигрувањето на последниот меч, дербито на колото Академија Пандев – Ренова, стружани се наоѓаат моментно на првото место на табелата со осум бодови. Во шестата минута екипата на Срѓан Захариевски водеше со голот на Босанчиќ, па израмни Исмаили во 23 минута од пенал.

Босанчиќ стрелаше по вторпат во 31 минута, својот хет-трик српскиот интернационалец го комплетираше непосредно пред паузата (45+4`), а воедно кај гостите црвен картон доби Исмаили.

Тоа му помогна на домаќинот во 55 минута да постигне уште еден гол, повторно од пенал кој го реализираше Бојку. Чаирчани го ублажија првиот пораз сезонава во 64 минута, сигурен од белата точка беше Трапановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот