Струга подготвена за јубилејниот 50. ракометен турнир

Градот Струга е подготвен за јубилејното 50. издание од традиционалниот Струшки ракометен турнир, што од 16 до 20 август на теренот крај женската плажа.

Вообичаено на Струшкиот ракометен турнир ќе учествуваат осум екипи кои ќе бидат поделени во две групи. Пет екипи се од Македонија, Вардар, Е. Пелистер, Бутел, Струга и Алкалоид и три од странство и тоа Целје, Татран Прешов и АЕК Атина.

– Овој турнир е голем за нас, сите потекнуваме од тука и таму сме ги направиле првите чекори. Големо е задоволството и честа да се има ово турнир затоа што за нас тој е од огромно значење, се работи за најстар турнир во Европа е и се надевам дека ќе дадеме поттик плус овој настан од следната година да биде традиционално под покровителство на државата. Се надевам дека ќе гледаме добар ракомет, ние како АМС и покровители на овој настан ќе направиме се за такво нешто. Ова е плус за нашата држава Македонија која се издвојува како нација која го негува и сака ракометот, да гледа одлични натпревари. Тука ракометот уште го има епитетот спорт број еден, посакувам сите да уживаат во ракометот – вели Наумче Мојсовски, директор на Агенцијата за млади и спорт.

На првиот ден од турнирот ќе играат Струга – Еурофарм Пелистер, Вардар – Алкалоид и Бутел – Целје.

– Ретко кој може да се пофали со традиција што трае 50 години. Ние, струшките ракометни работници и љубители на ракометот успеавме да го одржиме во најтешките години. Сега одбележувам 50 години и мислам дека ова ќе биде еден од најсилните турнири – изјави претседателот на РК Струга, Кире Јованоски.

Минатата година, на Струшкиот турнир триумфира Вардар кој во финалето го совлада Е. Пелистер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот