Струга немоќна, нови бодови за Е. Пелистер во Суперлигата

„Три од три“ за играчите на Жељко Бабиќ во Суперлигата/Сала „Боро Чурлевски“, Битола/18 септември 2021/Фото: РК Е. Пелистер

Во третото коло од македонската Суперлига, составот на Е. Пелистер денеска го совлада убедливо тимот на Струга со резултат 45:20.

Нови бодови остварени во салата „Боро Чурлевски“ за играчите на тренерот Жељко Бабиќ ова е трет триумф по ред од почетокот на сезоната со девет бодови, три повеќе од Вардар на втората позиција, со напомена дека „црвено-црните“ имаат еден меч помалку.

На средбата во Битола за Е. Пелистер осум погодоци беа дело на Божиќ Павлетиќ, по шест имаа Мандалиниќ и Табоада.

За стружани доминираше Дукоски кој петпати се запиша во листата на стрелците, четири гола беа дело на Пајкоски.

Во текот на денешниот ден во истата рунда силите ќе ги одмерат Т. Пролет и Прилеп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот