Струга ќе добие нов парк

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Љ.Н., констатирана во Општа болница Струга./Фото: Википедија

На површина од 1.200 метри квадратни Струга ќе добие нов парк во близина на ракометното игралиште „Женска плажа”. Екипите на јавното претпријатие „Комунално”, како што информира директорот Иќмет Ислами, го расчистиле теренот од сува трева и отпад.

– Хортикултурно се уредува просторот. Ќе бидат засадени околу 150 високо квалитетни садници бор и 30-тина други дрвја, а дополнително ќе биде поставена и мрежа за наводнување во вкупна должина од 1.000 метри со 100 прскалки. Во паркот ќе бидат засадени и сезонски цвеќиња, ќе се постават клупи за седење, како и корпи за отпадоци, изјави Ислами за МИА.

Според него, ова е само еден од парковите, кој ќе бидат изградени на запоставени површини и натрупани со ѓубре, за што од буџетото на претпријатието се издвоени од 600.000 денари.

– Раззеленувањето на градот Струга останува на врвот на приоритетите на ЈП Комунално, подвлече директорот.

Екипите од секторот јавна чистота и јавно градско зеленило, додаде, деновиве активно работат и на хортикултурно уредување на зелените површини меѓу двата коловози на улица „Туристичка”, каде ќе се засадат 30 високо квалитетни дрвја, а ќе биде поставен и нов систем за наводнување капка по капка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот