СТРУГА 2019: Еурофарм Работник, Констанца, АЕК…!

фото: Еурофарм Работник

Покрај „Женска плажа“ на Охридското езеро и оваа година љубителите на ракометот можат да следат квалитетни натпревари во периодот од 14-17 август во еден од најстарите европски турнири.

Во Струга ќе учествуваат по три домашни и странски клубови. Кај македонските тука е вицешампионот Еурофарм Работник кој ќе ја подигнува формата пред новата сезона.

Освен тимот на Стевче Алушовски ќе партиципираат уште домашната екипа на Струга, скопскот Бутел кој оваа година ќе учествува и во Европа.

Потоа тука се и романскиот вицешампион Констанца, грчкиот тим на АЕК, како и еден од најпознатите шведски клубови, четирикратниот првак Ескилстуна Гуиф.

Минатата година освојувач на турнирот беше Целје Пивоварна Лашко од Словенија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот